Соопштение за јавност
„Радовиш заслужува многу повеќе од изгубените четири години во кои власта ветуваше големи проекти, а не добивме ништо освен повисоки сметки“, порача од Радовиш кандидатот за градоначалник на СДСМ, Ристо Спасов.
Тој потсети на сите лаги и неисполнети ветувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ:
„Што сè не нè излажаа?! Нема бесплатен оброк за секое дете од одделенска настава. Ветените детски градинки во 5-та урбана заедница и во село Злеово не се ни започнати. Сите населени места се запуштени, без разлика дали се со македонско или турско население. Еден камен нема фрлено таму. Од најавуваниот рекреативен центар ‘Канлиева воденица’ остана само празна ливада“, рече Спасов.
Тој ја критикуваше актуелната власт за сите лаги и празни ветувања, кој неможат ни да се доизборојат.
„Истите тие лица кои 4 години ја водеа Општината, сега бесрамно ветуваат ‘нова енергија’, потенцираше Спасов.
Тој ја побара поддршката од граѓаните и ја претстави визијата и програмата за развој на Општина Радовиш.
Во неговата визија за модерен град предвидено е до крајот на 2027 година да се изгради затворен базен за спорт и рекреација. До крајот на 2028 година ќе се реши проблемот со отпадот преку формирање на регионална депонија. Ќе се изгради и нова детска градинка во 5-та урбана заедница. Дополнително, ќе се создадат нови зелени површини и велосипедски патеки, како и можност за годишни ваучери за купување велосипеди.
Во програмата се вклучени и следните приоритети:
Ќе се подобри инфраструктурата во градот, но и во сите населени места на територијата на општината. Ќе има поголема поддршка за образованието, со воведување на парична помош за првачиња и средношколци. Ќе се поддржи спортот преку конкретни мерки и соработка со локалните клубови и спортисти. Посебно внимание ќе се посвети и на здруженијата на пензионери, како и на децата со посебни потреби, за кои ќе има континуирана поддршка.
„Општина Радовиш ќе биде место каде што секој ќе се чувствува свој. Ние ќе бидеме достапни, а Општината ќе биде отворена за сите граѓани. На 19 октомври, да го дадеме гласот за број 5“, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ во Радовиш, Ристо Спасов.