fbpx

Демонстрацијата на сила на Универзитетот е немоќ на криминалната власт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Демонстрацијата на сила на МВР, овој пат врз професори на Економскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е излив на немоќ на криминалната власт.

Недозволиво е во институција каква што е универзитетот, специјални единици на да упаѓаат како да не станува збор за највисока образовна установа кога сакаат и да вршат спектакуларни акции за дела за кои во цивилизираниот свет се знае како се постапува.

Начинот на кој вчера беше извршена акцијата со полициски специјалци покажува дека Никола Груевски и Митко Чавков сакаат својот страв да го прикријат со заплашување на универзитетските професори.

Начинот фрла сериозен сомнеж за мотивите на акцијата.

Економскиот факултет е еден од последните бастиони на самостојноста и автономноста на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Деградирањето на професорската професија, со употреба на прекумерна сила, е главна цел на акцијата, веројатно диригирана од криминалната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е ова казна за непослушноста на Економскиот факултет? Дали е ова порака за некои идни дејствија на МВР врз професори и факултети од УКИМ, пред се, политички мотивирани?

Акцијата на МВР се случува во време кога има целосна смена на Сенатот на УКИМ, како и во време на избор на нов ректор на најдобриот македонски универзитет. Стариот ректор е веќеодамна замолчен, не знаеме поради кои причини.

Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски е должен на јавноста да и објасни дали и за оваа акција на МВР дал согласност?

Универзитетската автономија е неприкосновена и неповредлива, уставно и законски, независно од дјествијата, посебно што во вчерашната акција не се работеше за ниту едно кривично дело поврзано со насилство, употреба на оружје или големо нарушување на јавниот ред и мир. А немаше ниту природна или друга непогода како пожар, поплава или слично.

Единствена елементарна непогода во образованието се ВМРО-ДПМНЕ и владите на Никола Груевски кои во изминатите 10 години направија огромни штетина сите нивоа на образование.

 

Скопје, 07.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести