fbpx

Никола Груевски бега од слободни и регуларни избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумските курири неуспешно се обидуваат стравот на Никола Груевски од слободни, фер и регуларни избори да го покријат со постојани измислици.

Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, нема одвојување на државата од партијата, не се спроведени реформите од Извештајот на Прибе, укината е техничката Влада, СЈО е под постојани опструкции, само затоа што Никола Груевски се плаши од слобдни избори.

Никола Груевски бега од слободни, фер и деморатски избори затоа што се надева дека на тој начин ќе избега од правдата, ќе ја спаси сопствената кожа.

Затоа Груевски кукавички се бори само за аболицијата и за одложување на слободните избори што подоцна.

Напразно се надева Груевски дека ќе се спаси од одговорноста. Правда ќе се врати во Македонија, одговорност ќе има.

Аболициите целосно ќе се поништат. Оние што им е местото во затвор, таму и ќе завршат.

Во Македонија нема да има уште едни криминални избори, како што вети Зоран Заев.

Сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите да престанат, да се врати владеењето на правото.

Врз база на принципите од Пржино потребно е формирање Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер и регуларни избори, што поскоро.

Зборот е збор. Во Македонија ќе има само слободни, фер, регуларни и демократски избори.

Претседателот на СДСМ, лидерот на демократска Македонија, е во служба на граѓаните и ќе ја преземе одговорноста за иднината на државата а не власта.

А кога Зоран Заев ќе биде премиер на слободна Македонија, со поддршка од граѓаните и во нивни интерес, криминалците нема да бидат на власт туку на соодветно место за нив.

Скопје, 02.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести