fbpx

Медиумските курири се избезумени од капитулациите на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Избезумени се медиумските курири на Никола Груевски.

Нивниот шеф, Никола Груевски ниже капитулација по капитулација. Доаѓа време за одговорност за целокупниот криминал на власта во изминатите 10 години.

Откако не му успеа нарачаната аболиција кај Горге Иванов, Груевски беше принуден да побара пишман Иванов делумно да ја поништи, повторно спротивно на Устав и Закон.

Сега Груевски знае дека по оваа капитулација ќе следува и нова. Аболициите ќе мора целосно да се поништат, законите да важат подеднакво за сите.

Ништо не може да го спаси Никола Груевски и неговото криминално друштво. Правдата ќе се врати, одговорност ќе има.

Затоа Груевски во очај вади разобличени политичкиот спинови како што е конструираниот случај Глобал, што му гo разоткрија токму институции под негова контрола.

За потсетување има и највисоки судски пресуди, од Управниот а потоа и од Врховниот суд, што потврдуваат дека нема случај Глобал туку класичен монтиран случај којшто заврши неуспешно за Никола Груевски.

Единствено добро во споменувањето на креиранот случај Глобал е што ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува граѓаните како власта на Груевски лажела и монтирала случаи.

Од проектот Глобал плата земаат околу 400-тини граѓани на Струмица.

А за лагите на Никола Груевски најдобро покажува фактот што овој проект е избран од ЕУ како најдобра пракса за јавно приватно партнерство и со средства на ЕУ е промовиран како успешна пракса во многу европски градови.

Криминал има единствено во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Никола Груевски.

 

Скопје, 29.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести