fbpx

Груевски почна да ги поздравува своите капитулации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во страв од соочување со одговорноста Никола Груевски веќе не знае што да направи па почна дури и своите капитуации да ги поздравува.

Груевски прво нарача аболиција кај нелегитимниот Горге Иванов. Отакако цела Македонија се крена на нозе Груевски беше принуден да побара од пишман Иванов делумно да ги поништи аболициите, повторно спротивно на Уставот.

Сега Груевски знае дека по оваа капитулација ќе следува и нова. Ништо не може да го спаси, одговорност ќе има. Болката на Груевски е што сите аболиции ќе мора да се поништат. Доаѓа време за одговорност за него и неговото криминално друштво.

Цела Македонија има иста цел, враќање на правдата и одговорност за криминалците на власт.

Затоа не може никако да се охрабри Никола Груевски.

Затоа цело време Груевски бега од слободни, фер, демократски и регуларни избори, коишто СДСМ бара да бидат час поскоро.

Толку е уплашен Груевски од враќањето на правдата, од соочување со одговорноста и граѓаните.

Јасно е. Нема спас за Груевски и неговото криминално друштво.

Аболицијата мора целосно да се поништи и ќе се поништи. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Правдата ќе победи а со тоа и цела Македонија.

Скопје, 28.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести