
Претседател на Надзорен Одбор на СДСМ – СЛАЃАНА БОГДАНОВИЌ

БИОГРАФИЈА:
Родена е на 24 април 1973 година во Прилеп, дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во 1996 година и по положувањето на правосудниот испит, својата кариера од 1999 година ја започнува во адвокатурата а потоа од 2003 година во АД Градски трговски центар – Скопје. Во рамките на ГТЦ АД Скопје поминува низ клучни раководни позиции, од Помошник директор на Секторот за правни и општи работи до нејзината сегашна позиција како Виш советник за правни работи. Нејзиниот политички пат во СДСМ започнува во 1998 година и вклучува значајни функции како член на Централниот одбор на СДММ, кандидат за пратеник во 2002 година и член на Извршниот одбор на Градската организација Скопје. Дава исклучителен придонес како долгогодишен член на Правниот комитет на партијата, учествувајќи во заштитата на законитоста низ бројни изборни циклуси. На 4 декември 2024 година е избрана за Претседател на Надзорниот одбор на СДСМ.