Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,
Денеска уште еднаш се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ секогаш бегаат од вистината.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев, избега од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, избега од фактите и вистината.
Шилегов го повика Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ да каже што не му е јасно околу законски стекнат имот.
„Нема ништо незаконито и спорно во имотот на Петре Шилегов. Предметните станови се купени на кредит на 23 години. Направете разлика господине Чибишев помеѓу луѓе коишто чесно заработуваат и криминалците во вашите редови, на чело со Никола Груевски. Јас чесно заработувам а вие крадете од државните пари. Тоа е голема разлика.“ рече Шилегов.
Манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ, во обид да го прикријат криминалот на Никола Груевски, не поминуваат.
Соочен со фактите и вистината Чибишев побегна, за што сведоци беа и бројните новинарски екипи.