Соопштение за јавност
Владимир „дил-ориентед“ Пешевски е фатен во нов корупциски скандал.
Со години Пешевски го криел фактот дека од позиција вицепремиер директорувал и со офф-шор компанија од Кипар.
Тоа само по себе е спротивно на Законот за спречување судир на интереси.
Одговорност за овој нов корупциски скандал мора да има.
Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција не смеат да молчат. Согласно законите тие се должни да ги преземат соодветните мерки.
Со непостапување, членовите на Државната комисија за спречување на корупција се сторители на кривично дело и ќе одговараат пред правдата.
Владимир „дик-ориентед“ Пешевски наместо неуспешно да се правда треба да одговори на клучните прашања:
Зошто со години ја криел од јавноста фирмата од Кипар и не ја пријавил во Анкетниот лист?
Како од сите фирми на светот станал директор баш на офф шор фирма на Кипар?
Колкави приходи пријавил и колку данок платил за тие приходи во Македонија?
Ако фирмата од Кипар со којашто директорувал немала никакви активности зошто парите од хонорари за консултантски услуги оделе преку оваа офф шор комапнија?
Овој нов корупциски скандал е уште една потврда дека на Македонија и е потребно враќање на правото и правната држава и функционирање на институциите во интерес на граѓаните.
Во Македонија ќе се врати правото и правната држава.
Аболицијата ќе биде поништена целосно. Сите што го прекршиле законот ќе одговараат.
Нема спас за аболицираниот Груевски ниту за неговото друштво.
Скопје, 22.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА