Филипче: Владата на Мицкоски нема волја нештo да направи, реформите се целосно блокирани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција по објавувањето на Извештајот на Европската Унија за Македонија, изјави дека документот јасно потврдува дека државата назадува во сите клучни области, а причината за тоа е неспособноста и недостигот на политичка волја на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во извештајот јасно стои дека реформската агенда е целосно блокирана. Не постојат суштински реформи поврзани со ЕУ, нема трајни и решителни чекори за забрзување на процесите. Споредувањето е делумно и со доцнење во сите столбови на планот за раст, слаба координација и институционалниот капацитет го загрозуваат финансирањето базирано на перформанси преку механизмот на реформи и растат, “ рече Филипче.

Притоа Филипче посочи дека оваа состојба особено се чувствува во областите што се од витално значење за младите и за приватниот сектор.

„Во извештајот стои дека има ограничен напредок го подобрување на деловната клима, слабо спроведување на закон за конкуренција, нема усогласување со правилата на ЕУ, реформите за неформалната економија се во застој, слабо управување со јавни инвестиции, перзистентна корупција и правна несигурност ги обесхрабруваат инвестициите, делумна дигитална трансформација, бавен напредок во усогласување со Европската унија“, рече Филипче

Претседателот на СДСМ истакна и дека Извештајот е силен сигнал од Брисел дека Владата на Мицкоски ја води државата во погрешна насока.

„Ако добро се погледне извештајот пораката од него е јасна, не постои напредок во ниту една област дури таму кај што има технички активности нема никакви резултати. Не само што тапкаме место туку се враќаме назад. И ова не е проблем на европската унија ова не значи дека некој нас не спречува нешто да работиме ова е знак за тоа дека владата нема волја нема желба нема капацитет да ја сработи и работата којашто треба да сработи и да го испорачаат тоа што е во интерес и на граѓаните и на државата, “ изјави Филипче.

Тој додаде и дека реформите што недостасуваат се суштински за функционирањето на државата и системот.

„Во бројки ситуацијата изгледа вака само 4 области се оцените како добар напредок а и тие се минорни и не се однесуваат на вистински внатрешни реформи. Во осум области нема никакво поместување вклучувајќи и најкритичните правосудството и фундаменталните права. Она што е најлошо од овој извештај во поглавјето 24 правда слобода и безбедност владата добива единица што значи драстичен пат во споредба со лани,“ истакна Филипче.