fbpx

Дали Богов помага колекција на банки во рацете на ВМРО-ДПМНЕ?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гувернерот Димитар Богов трет ден ги избегнува клучните одговори за скандалозната продажба на Алфа банка.

Дали Алфа банка се продаде таинствено и нетранспарентно на консултант во Владата на Никола Груевски?

Дали банката оди во рацете на консултантот до Груевски за само 1.2 милиони евра?

Како му успеало на консултантот на Владата на Груевски да дојде до банка за само 1.2 милиони евра, колку што чинат двата лава на мостот Гоце Делчев?

Ако нема што да крие гувернерот Богов зошто не објасни?

Тој има обврска да објасни како една голема банка се довела во ситуација да се самопродава за еден милион евра, или можеби некој го наложил тоа?

Меѓу сомнителните криминални почетоци на Груевски, Јанкулоска и соработниците е влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во тогашна Македонска банка.

Дали меѓу криминалниот крај на власта на Груевски е нивен влез во Алфа банка?

Ако гувернерот Богов нешто знае, а молчи, тој ќе биде соучесник во делата на расипничката власт на Груевски и соработниците.

Скопје, 12.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести