Соопштение за јавност
ДПМНЕ штанца измислици за СДСМ за да го поркие мега корупцискиот скандал со ИПАРД
Владата тоне во скандали, заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ. Затоа ДПМНЕ измислува приказни и секојдневно штанца приказни за СДСМ, да го одвлече вниманието од сопствените проблеми.
Кога во една Влада царува корупција и неспособност, очигледно им останува само да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ кои единствени ги разобличуваат криминалите на власта.
СДСМ нема да трча по лагите кои секојдневно ги пласира ДПМНЕ. Ова се очајнички обиди на ДПМНЕ да се сокрие фактот дека за една година власт не реализираа ништо од ветеното пред граѓаните и за што загубија 140.000 гласа.
Тоа е рецептот на оваа неспособна власт која не испорача ништо, земјоделците и граѓаните ги остави без пари и секогаш бега од одговорност.
Спинови во паника се најдобар доказ дека не им оди работата. Државата пука по сите шавови, инфлацијата расте, економијата тоне, инвеститорите си заминуваат, а корупцијата е секојдневие.


