fbpx

Битката за Македонија продолжува, може да има само слободни, фер и регуларни избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со поднесување на пратенички листи за непостоечки избори Никола Груевски потврди дека за него државата и граѓаните се на последно место.

Груевски не го интересираат граѓаните, не го интересира иднината на државата.

Додека граѓаните 10 години осиромашуваа, за Груевски и друштвото од врвот на ВМРО-ДПМНЕ најважно беше личното богатење.

Затоа сега најважни им се аболициите што по нарачка ги добија од лицето Ѓорге Иванов, спротивни на закон и Устав.

По секоја цена сакаат да го заштитат својот криминал. Во страв, бегаат од слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Подготвени се на се’, да ја загрозат иднината и сигурноста на државата, меѓународно да ја изолираат, во надеж дека ќе се спасат од одговорноста за криминалот.

Демократска Македонија тоа нема да го дозволи. Никој нема да ја држи иднината на Македонија во заложништво.

СДСМ заедно со граѓаните ја продолжува битката за враќање на слободата, демократија и правдата.

Во Македонија може да има и ќе има само слободни, фер, демократски и регуларни избори.

Македонија ќе биде слободна земја! Земја во која што неприкосновено ќе биде демократското право на слободен избор, по принципот еден човек-еден глас.

Секој што нанел штета на граѓаните и државата со криминал ќе се соочи со правдата!

Заедно со граѓаните ќе победи слободна Македонија!

Скопје, 12.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести