Соопштение за јавност
СДСМ најостро го осудува синоќешното крвничко претепување на основачот на порталот Репортер.мк, Горан Наумовски Кизо.
Порачуваме да се преиспитаат што прават насилниците кои на каков било начин нанеле штета на граѓаните, бидејки ниеден граѓанин не е повеќе сам. Зад секого стојат илјадниците луѓе по улиците кои ја враќаат правната држава и слободата во Македонија.
Кукавички е некој да посегне по физички напад, со шипки, зад грб, во ноќни часови, начекувајки некого пред сопствениот дом, како што е тоа случајот со тешко повредениот Наумовски, кој со шиена глава, скршена рака и модро тело, според информациите што ги имаме, сеуште е во болница.
Секој кој нанел зло на граѓаните, на каков било начин ќе се соочи со сопствената одговорност, меѓу нив и оние кои ја загрозиле личната безбедност на основачот на порталот Репортер.мк.
Скопје, 12.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА