Соопштение за јавност
На светскиот Ден на слободата на медиумите, 3-ти мај, граѓаните на Македонија повторно ќе го кренат својот глас против антидржавните политики на Никола Груевски што ја задушија слободата на говорот и слободата на медиумите.
Најновиот извештај на релевантната меѓународна организација, Фридом Хаус, потврди дека од целиот регион само Република Македонија е неслободна земја.
Слободни медиуми се темел на едно демократско општество коешто сака да биде дел од големото европско семејство.
Слободни граѓани за слободни медиуми, тоа е политиката на СДСМ.
По демократските промени, во слободна, европска Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана.
Скопје, 03.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА