Соопштение за јавност
На Никола Груевски му сметаат независните институции коишто вистински се борат против криминалот и корупцијата.
Отворањето на предметот „ТНТ“ на независната институција СЈО покажа зошто Ѓорге Иванов мораше да брза со аболицајата.
Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.
Да не беше срамната одлука за аболиција на Иванов правдата ќе почнеше да го стасува Груевски, тоа е јасно.
Но, залудни се овие очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски нека не се надева дека за целата неправда во изминатите 10 години, што и ја нанесе на Македонија, ќе се спаси со нарачаната срамна аболиција од Иванов.
Правдата ќе ги стигне сите што го прекршиле законот.
Македонија е на нозе. Доаѓа слободна и демократска Македонија.
Без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата, слободата во име на правдата и еднаквоста.
Правдата, еднаквоста, слободата и демократијата ќе се вратат во Македонија, новата страница на иднината е завртена.
Или Груевски или Македонија.
Скопје, 23.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА