fbpx

Медиумските курири не можат да ја сокријат вистината, Македонија се крена против Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија е на нозе во одбрана на уставниот поредок и законите, во борба за слобода и демократија.

Медиумските курири не ги спомнуваат протестите во Скопје и во градовите ширум Македонија за враќање на слободата и правдата и не објавуваат ништо.

Во обид да ја сокријат вистината медиумските курири штанцаат измислици и невистини.

Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Да не беше срамната одлука за аболиција на Ѓорге Иванов правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо нема да им помогне, правдата ќе ги стигне сите.

Новата страна за иднината, за враќање на слободата, демократијата и правдата е веќе свртена.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата.

Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.

Демократијата победува, доаѓа слободна и демократска Македонија.

 

Скопје, 23.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести