fbpx

Иванов и Груевски се тим на злосторот против Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Иванов дрско ја лаже јавноста.

Предводникот на демократска Македонија, претседателот Зоран Заев, никако не може да биде покритие за обидот на криминалното здружение на Никола Груевски да ја спаси сопствената кожа преку неуставни одлуки.

Претседателот на СДСМ, прв, јавно ја отфрли аболицијата и повика на поништување на срамните одлуки.

Претседателот Заев денеска бара Иванов веднаш да ја повлече аболицијата.

Иванов нека ја објави снимката од состанокот на Советот за безбеност, одржан на 10-ти мај, веднаш после настаните во Куманово. Тоа е уште еден доказ за лагите на Иванов.

Друг разговор претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со Ѓорге Иванов немал.

СДСМ покрена постапка за одговорност и разрешување на Ѓорге Иванов од позицијата на којашто на криминални избори го постави Никола Груевски.

Со тоа што Иванов го амнестираше Никола Груевски 5 пати, Миле Јанакиевски 16 пати, Гордана Јанкуловска 13 пати покажа за кого одработува на штета на граѓаните, уставниот поредок и законите во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не се потпиша на постапката за разрешување а Никола Груевски денеска јавно рече дека не ја отфрла аболицијата со што призна вина за целокупниот криминал.

Заштитникот на криминалната банда, Ѓорге Иванов, денеска потврди дека зад антидржавната одлука за аболиција стои лично Никола Груевски.

За да се заштити себе си и криминалната банда околу него, Никола Груевски нарача, а Иванов спроведе државен удар.

Јавноста се сеќава на кампањата на Ѓорѓе Иванов за претседателските избори, кога безброј пати повторуваше дека тој и Груевски работат тимски.

Еве го резултатот од таа нивна „тимска“ работа. Еве како Груевски и Иванов тимски ја уништуваат Македонија, како тимски го згазија достоинството на граѓаните, уставот и законите.

Овој тим на злосторот мора да замине а злосторничкото здружение да одговара.

Граѓаните тоа го знаат и затоа се на нозе, затоа се со СДСМ и сите демократски сили во борбата за слободата и демократијата.

Или Груевски или Македонија!

14.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести