fbpx

Резултат на криминалот на бандата на Груевски се лошите услови за живот на скопјани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Резултат на криминалното владеење на бандата на Никола Груевски се лошите услови за живот на скопјани.

Се потрошија 630 милиони евра за споменици, а во 21 век, во Скопје се уште нема канализација во целиот град.

Во 21 век, во Скопје се уште нема водовод во целиот град.

Поради криминално-тендерските интереси на бандата на Груевски скопјани дишат енормно загаден воздух, полн со штетни, канцерогени честички.

Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното.

Тоа значи дека половина година скопјани дишат загаден воздух.

Во Скопје се уште има азбестни покриви во училиштата.

Во Скопје се уште има азбестни цевки за вода.

Во Скопје при поголем дожд улиците се поплавуваат.

Во Скопје нема природен гас за граѓаните.

Во Скопје нема основни работи што значат достоинствен живот за скопјани.

Градот Скопје целосно е ставен во функција на болната потреба за раскош и луксуз на Никола Груевски.

Во Скопје нема ни градоначалник. Нема човек кој се грижи за интересите на граѓаните. Коце Трајановски е извршител на забеганите желби на Никола Груевски.

И самиот Коце денеска тоа го потврди бидејќи не собра храброст да се соочи со погрешните политики и промашените проекти. Со оглед на тоа што и самиот Коце Трајановски веќе нема илузии дека е градоначалник, треба веднаш да поднесе оставка.

 

Скопје, 04.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести