Соопштение за јавност
По цели 10 години и Никола Груевски призна дека Струмица е најдобро место за инвестирање во Македонија.
Бидејќи Струмица е единствена незадолжена општина во Република Македонија.
Бидејќи Струмица има најдобро деловно опкружување, со најдобри практики за транспарентно работење, во интерес на сите нејзини граѓани.
Затоа што Струмица e првата општина во Југоисточна Европа којашто го доби меѓународниот Сертификатот за поволно деловно опкружување во јуни 2013 година.
Со сертификацијата се стандардизираше локалниот економски развој на Струмица како еден од најважните фактори за бизнис секторот и привлекување на инвеститорите.
Наспроти виртуелните инвестиции и празни ливади на ВМРО-ДПМНЕ, во Струмица се зголемени инвестициските активности на компаниите за што веќе има проектирано околу 1.300 нови реални работни места.
Најголема заслуга за ова има човекот кој создаде услови Струмица да биде најдобро место за инвестирање во Македонија, претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев.
Заврши времето на Никола Груевски, завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните знаат. Доаѓаат промени за подобар живот и сигурна иднина на сите граѓани во Република Македонија, што ќе ги донесе нова, чесна, одговорна и транспарентна Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Скопје, 03.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА