СДСМ поднесува уште една, нова претставка до ЗНМ за навредите на Героски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесува нова претставка до Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поради навредливиот и недоличен речник кој Бранко Героски, одговорен уредник на порталот Плусинфо.мк, го користи во свој авторски текст со наслов: „Јебо вас ‘српски свет’, будали едни!“

Во наведениот текст, како и во повеќе претходни објави, Героски користи говор кој не претставува ниту критика, ниту новинарски став, туку отворени лични навреди, пцовки и деградирачки квалификации насочени кон СДСМ, нејзините членови, раководството и претседателот на партијата.

Меѓу бројните навреди и дисквалификации, Героски јавно ги користи следните изрази:

• „Јебо вас ‘српски свет’“
• „Будали едни“
• „Венко Филипче можеби е поголема будала“
• „Простачки“
• „Пролупаното раководство на СДСМ на чело со Венко Филипче“
• „Лајпрдите“
• „Заев беше луд и луцкаст“

Овој говор нема никаква врска со слободата на изразување или со остар политички коментар. Напротив, станува збор за лична пресметка и отворена омраза кон СДСМ, нејзините членови, раководството и претседателот, како и за злоупотреба на медиумскиот простор со директно нарушување на професионалните и етичките стандарди во новинарството.

Таквиот настап е во целосна спротивност со повеќе одредби од Етичкиот кодекс на новинарите, и тоа:

• Член 10 – „Новинарот нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.“
• Член 15 – „Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.“
• Член 16 – „Новинарот нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности.“

Очекуваме соодветна и принципиелна реакција од ЗНМ, како водечка национална новинарска организација која треба да биде гарант за слободата на говорот, независноста на медиумите и почитувањето на највисоките професионални и европски стандарди во новинарството.

Слободата на изразување не значи право на навредување, пцовки и говор на омраза.