Започна, доаѓаат „економски работници“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршен одбор

Доаѓаат таканаречените „економски работници“.

Владата на Мицкоски им ги отвори вратите со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година. Бројот е двојно зголемен во споредба со лани.

Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени Владата донела одлука да се носат 10.000 странски „економски работници“.

Тоа што се подготвуваше сега започна.

Најпрво владата склучи „стратешки договор“ за кој известија британските медиуми.

Во декември британските медиуми објавија и дека согласно овој договор мигрантите би имале можност да добијат работни визи во Македонија за работа во сектори со недостиг на работна сила.

Потоа власта го смени Законот за странци, ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија.

Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има „стратешки партнер“.

Кога темата се крена власта донесе Резолуција во Собранието – Декрет за да и забранат на опозицијата да говори за мигранти.

Сега е донесена и одлука за отворање на вратите за нови 10.000 странски работници.
Се што се подготвуваше се случува, се реализира.

Во време кога македонските работници имаат најниски плати во регионот и во Европа.

Владата вели дека нема пари за покачување на минималната плата. Во Буџетот недостигаат 2 милијарди евра.
Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.

Ни доаѓаат „економски работници“.