Соопштение за јавност
Пратеникот на СДСМ, Ален Георгијев, денеска беше помеѓу граѓаните на Крива Паланка.
Георгиев оствари повеќе непосредни средби во централното градско подрачје, на градскиот пазар, како и во населбата Лозаново.
На средбите се разговараше за тешкиот живот со којшто се соочуваат граѓаните, но и за решенијата на нивните проблеми коишто СДСМ ги има во својата Програма.
-Тешко живееме. Многу потешко од порано. Имаме многу низок стандард, се соочуваме со казни и инспекции, нема пласман на земјоделски производи, децата масовно се иселуваат, велат револтирано граѓаните.
-СДСМ има реална, издржана и остварлива програма, со мерки коишто ќе допринесат за отворање на нови работни места. Нашата цел е просечната плата да достигне до над 29 илјади денари за да се создадат услови за пристоен живот. Младите ќе ги вратиме дома да ја градат својата иднина, рече Георгијев.
-По промена на власта, земјоделците ќе имаат сигурност на производството и пониски производни трошоци. Сувбенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра и истите ќе ги добиваат навремено, тогаш кога им се најпотребни, додаде Георгијев.