Соопштение за јавност
Дали е на повидок нов енергетски криминал во кој е вмешана братучедско – кумската власт на Никола Груевски?
Дали се подготвува терен бизнисот за делницата Штип – Неготино да биде даден на фирма блиска до фамилијата?
Дали тоа го прави Македонски енергетски ресурси со спроведување тендерска постапка за делницата Штип – Неготино нетранспарентно, со нарушување на конкуренцијата?
Ова е нов скандал што треба да го објаснат властите.
Веќе 5-ти ден власта на Груевски молчи во чии џебови завршиле 44 милиони евра провизии за делницата Клечовце – Штип.
Граѓаните, за делницата Клечовце – Штип веќе плаќаат вртоглави 1 милион и 250 илјади евра по километар.
Груевски и Ставрески се уште молчат и дали делницата Клечовце – Штип навистина чини 75.5 милиони долари, како што тврди власта на Груевски, или реалната цена е 25 милиони евра?
Тајноста за изградбата на делницата Штип – Неготино покажува дека власта на Груевски многу нешто крие од јавноста.
Бараме Груевски и Ставрески да и ја покажат на јавноста Физибилити студијата, по редицата скандалозни информации што доаѓаат во врска со најскапиот гасовод на светот што сакал Груевски да го изведе во Македонија.
Граѓаните ставаат крај на криминалната власт.
Сите кои правеле и учествувале во криминалите и злоделата врз граѓаните, ќе одговараат.
Скопје, 26.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА