Стоилковиќ и Геровски – медиумски гасови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По навредите на Геро за претседателот на СДСМ и членовите на партијата од типот „скотови“ „будали“ „штабот на будалите“, по навредите на Бетмен Велит како “туп, глуп и неупотреблив идиот”, на Ивона Талеска позната по врската со Латас, се јави и Стоилковиќ.

Најблискиот соработник на Мицкоски, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, гостувајќи кај супер херојот на ВМРО – Бетмен, зборува за гравчето на Вучиќ, со тврдење дека, цитираме, затоа имало „отровни гасови“ за „српскиот свет“.

Нормално Геро веднаш го објави, а направил и АИ генерирано видео за неговот ФБ профил.

Освен што прдат по медиумите, дали Стојилковиќ, сега заедно со Вучиќ „прднаа во чорбата“ по прашањето за ЕУ?

Ова ли е повикот за влез на целиот Балкан во ЕУ заедно?

Или прдењето по ЕУ е дел од анти-ЕУ стратегијата за изолација на Македонија, имајќи предвид дека веќе сме оквалификувани како земја од „третиот свет“?!

Бидејќи Вучиќ изјави дека нема да ги прими европратениците кои дојдоа во инспекција во Србија.

Дали е ова сценариото што ја чека Македонија после состаноците на Стоилковиќ со Ноќните волци на Путин?

Кој ќе ги реши гасовите на ноќните волци од „рускиот“ и „српскиот свет“?