Доказ: Уште една лага на Алфа ТВ а нема одговор ниту на прашањата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека супер херојот на ВМРО Бетмен се заканува дека ќе се пресмета со СДСМ користејќи ја неговата емисија, повторно нема ниту еден одговор од Алфа ТВ.

СДСМ одговори на сите прашања, сега е ред Алфа ТВ да дадете одговори на прашањата на граѓаните на Македонија:

1.Дали Алфа ТВ нема проблем со тоа што Ивона Талевска, позната по врската со Латас, пишува во име на уредникот на Алфа ТВ, за МАН и за ВМРО во исто време, имајќи предвид дека го користи истиот начин на пишување и за соопштенијата на партијата ВМРО, за вашата телевизија и за новинарското здружение?

2.Дали не ви пречи тоа што Ивона Талевска, позната по врската со Латас, користи copy-paste препишувачка (ресавска) школа на Александар Вучиќ, не може ништо сама да осмисли, па во сите соопштенија копира текст од соопштенијата на СДСМ?

3.Прашање до вашата уредничка Ивона Талевска, позната по врската со Латас: колку пати била во Белград, во Претседателството, на состаноци околу copy-paste кампањата со претседателот на Србија?

4.Прашање до уредничкиот колегиум на Алфа ТВ: кој е вашиот вистински сопственик?

5.Зошто вашиот логотип, односно знакот на телевизијата, ги има истите графички елементи како Алта банка?

Кога сме кај логото, еве уште една лага на Алфа ТВ.

Алта банка од менувачница е купена во април 2019 година а Алфа ТВ го менува логото во октомври 2019 година.

Ова секој може на интернет да го провери. Токму во 2019 година менувачницата на актуелниот сопственик ја купи банката. Многу логичен тек после купување. Таму работа им заврши СНС, во Македонија работа им заврши ВМРО.

Бидејќи Ивона Талевска, позната по врската со Латас, е ПР менаџер на Алта банка и пишува соопштенија наместо нив (како последното ВМРО-соопштение на Алта банка во кое се зборува за политички коалиции), би требало барем да знае кога нејзиниот шеф од Србија ја купил банката.

Можеше да ги праша нејзините наредбодавачи, тие најдобро знаат.

Повторно ве фативме во лаги.

И сега Ивона што правиме?