Алфа ТВ потври сè што кажа СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сè што кажа СДСМ, Алфа ТВ потврди. Со заклучок од нивна страна дека ја „затвориле темата“.

Молкот е најголема потврда!

За врските на оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски како клучен пропаганден столб.

За делувањето како политичка алатка на ВМРО.

За црните кампањи, хајки, јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче.

Разоткриени се.

Пандорината кутија е отворена, нема затворање додека последната вистина не излезе на виделина.

Граѓаните на Македонија се уште чекаат одговори од Алфа ТВ и на прашањата:

1.Дали Алфа ТВ нема проблем со тоа што Ивона Талевска, позната по врската со Латас, пишува во име на уредникот на Алфа ТВ, за МАН и за ВМРО во исто време?

2.Дали не ви пречи тоа што Ивона Талевска, позната по врската со Латас, користи copy-paste препишувачка (ресавска) школа на Александар Вучиќ, не може ништо сама да осмисли, па во сите соопштенија копира текст од соопштенијата на СДСМ?

3.Прашање до вашата уредничка Ивона Талевска, позната по врската со Латас: колку пати била во Белград, во Претседателството, на состаноци околу copy-paste кампањата со претседателот на Србија?

4.Прашање до уредничкиот колегиум на Алфа ТВ: кој е вашиот вистински сопственик?

5.Зошто вашиот логотип, односно знакот на телевизијата, ги има истите графички елементи како Алта банка?