fbpx

Тодоров и Груевски ги чека отчет за политиките што носат граѓани во смрт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тендер политиките на Тодоров и Груевски во здравството носат граѓани во смрт!

Илјадници граѓани се мачат по болниците и домовите.

Илјадници чекаат термин, а многумина за жал и не го дочекуваат.

Запрепастувачки, во Македонија умираат повеќе од 14 бебиња на 1 000 новородени!

Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Нема најнови генерации цитостатици на позитивната листа на Онкологија што можат да спасат животи. Жртви се илјадници болни од рак!

Нема соодветни инсулини за дијабетичарите на кои им се давааат постари генерации инсулин и полуисправни апаратчиња за мерење шекер.

Недостигаат лекови на Кардиологија. Последиците се одразуваат врз стотоци пациенти со оперирано срце.

Холтерите за притисок се полуисправни. Пациентите сами купуваат и батерии за холтерите за аритмии.

Клиниката за анестезија реанимација и интезивно лекување нема доволно апарати.

Пациенти кои крварат се приморани сами да си купат завој.

Недостигаат протези на ортопедија.

Спиналниот центар нема материјали за третирање на сколиозите.

Фрапирачкото писмо што излезе во јавност, во коешто се препорачува клиничките конзилиуми да не даваат предлози за упатување во странство за да проработел Спиналниот центар, чија жртва е малата Тамара, е огледало на расипнички политики на Тодоров и Груевски.

Го нема ветениот Клинички центар во Скопје. Ја нема ветената Клиничка болница во Штип. Нема гинеколози во Прилеп. Долговите во битолската болница се огромни.

Дури и Светска банка во својот Извештај констатира дека трошоците во здравството се неефикасни, пациентите плаќаат од свој џеб, долговите на болниците растат. Една од причините е што Министерството за здравство им наложува програми на здравствените установи кои тие ги реализираат, а не им префрлува целосно пари за тоа!

Животите на илјадници луѓе се засегнати од тендер политиките на Никола Тодоров и неодговорната власт на Никола Груевски.

Никола Тодоров и власта на Груевски не ја интересираат пациентите, туку само тендери. Само еден од доказите за тоа е огромниот сканал со тендерот на Тодоров за медиумската платеничка Ивонче – милионче.

Ништо од ова немаше во отчетот на Тодоров денеска.

Никола Тородов и Никола Груевски ги чека вистинскиот отчет по следните фер и демократски избори.

Граѓаните ќе ја казнат оваа расипничкја власт и ќе изберат одговорна влада што ќе добие чест да ја предводи СДСМ.

СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно јавно здравство и се што е потребно за здравјето и животот на пациентите.

Сите кои правеле злодела врз граѓаните и учествувале во нив ќе одговораат.

Скопје, 25.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести