Соопштение за јавност
Веднаш се активираа кујните на ВМРО по денешната прес конференција на СДСМ на којашто беше разоткриена целата мрежа за реализација на црни кампањи, хајки и јавен линч врз претседателот Филипче со Алфа ТВ како политичка алатка.
Штанцаат текстови со единствена цел: дефокус од октоподот Алфа – Алта. Над 200 текосви за неколку часа!
Смешно е, затоа што вистината е најсилното оружје и не може да се покрие со никаков дефокус.
Секако, Геро меѓу првите скока во одбрана и вели „се исплашивме“.
Со тоа само го потврдува својот удел во групата Алфа–Алта, организиран октопод на кујните, создадена од ВМРО и финансирана со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
На овој начин уште еднаш се потврдува зошто кујните на ВМРО, порталите како Плусинфо.мк и Експрес.мк се преплавени со реклами поврзани со Алта.
Зошто дури и логото на Алфа и Алта банка се слични, сменети во иста година.
Сега на сите им е јасна целата шема, јасно им е зошто навредите и нападите кои доаѓаат од Бетмен, Героски, Ивона Талеска позната по врската со Латас.
Разоткриени се.

