fbpx

Бандата што го погази Уставот не може да зборува за уставен поредок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Криминалната банда што ги крадела парите и гласот на граѓаните, предводена од Никола Груевски, најмалку може да говори за почитување на Уставот и уставното право.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го погазија и Уставот и уставното право на граѓаните на слободен избор, слободен глас.

Со срамната одлука на Уставниот суд се изврши уште еден удар врз правдата и уставниот поредок.

Уставниот суд го призна изборниот грабеж и потврди дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста за криминалот и изборниот грабеж.

Секојдневниот театар на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што не започнува дебата по Извештајот на СЈО, го потврдува хаосот во оваа партија.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие незаконското работење на Зврлевски и да не се расправа за неговото непостапување по криминалите на власта, што беше и една од причините за формирање на независната институција Специјално јавно обвинителство.

Но, ништо нема да ги спаси Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од оговорност за криминалот што го правеле. Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 24.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести