Соопштение за јавност
Покрај сите контролни механизми за притисок врз медиумите, покрај тоа што не беа усвоени закони усогласени со ЕУ, како законот за правосудство, КЗК и други, покрај поставувањето свои судии и обвинители, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ го усвои и законот за „Safe City“ без каква било контрола на снимањето и следењето со 65.000 камери.
Одбија да прифатат строги и јасни правила за системот и во измените на Кривичниот законик.
Проектот „Safe City“ е започнат во време на владата на СДСМ и од аспект на безбедноста во сообраќајот е значаен, но вака донесен Законот за прекршоци значи отворена врата за злоупотреби. МВР да делува како партиски инструмент за следење, притисок и уцена на граѓаните без било какви заштитни механизми.
Ова е игра на ДУИ и ВМРО, кои беа заедно на лидерска средба и цело време задно се договараат.
Останува уште да ја укинат техничката влада и подготвени се за избори.
Давос покажа дека анти-ЕУ кампањата дала резултати. Мицкоски се јавува од Давос како патувачки репортер кој самиот се снима, имитирајќи го Вучиќ, кој исто така, како да е вработен во туристичка агенција, ги покажува хотелските соби и храната по рестораните.
Времето на Груевски се враќа на голема врата. Видовме како беше пред 10 години, во 2016 година. Ситуацијата и денеска е иста. Сè е земено од канџите на ВМРО.
Преку контролирани медиуми водат постојана црна кампања, хајка и линч.
Се обидуваат единствената опозициска партија да ја разединуваат одвнатре. Целта е контролирана опозиција.
Теренот е речиси подготвен за недемократски избори кои ќе им дадат уште четири години да ги држат граѓаните како заложници и да продолжат со криминалот и корупцијата. Ќе ја опустошат Македонија.
Планот е изолација, избори, па мигранти за пари.
СДСМ е единствена вистинска опозициска партија, има нова сила и продолжува со борбата. Не сме сами, со нас се граѓаните.
Ние нема да се продадеме, ниту за тендери ниту за ништо. Нема да биде контролирана опозиција!
Ние сме тука за да ја вратиме власта во рацете на граѓаните


