Соопштение за јавност
Додека ВМРО продолжува со лажната кампања и линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, никаде го нема др Жан.
Излезе на Алфа ТВ, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема.
Прашањето е каде е др Жан?
Дали Обвинителството го повика?
Кампања со недели трае во медиумите под контрола на ВМРО/Орбан, а нема никаква реакција од Обвинителството.
Кога Жан ќе оди и ќе даде изјава? Прашуваме веќе неколку недели.
Никако да добиеме одговор.



