Мицкоски, приватен бизнис и часовници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер.

Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните.

Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.

Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.

Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал.

Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.

Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него.

Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари.