fbpx

Иванов го брани изборниот криминал на Груевски затоа што е избран на криминални избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ѓорѓи Иванов го призна изборниот криминал на Никола Груевски и се вклучи во негова директна заштита.

Денеска Иванов намерно не ги спомена организаторите на изборните измами во својата скандалозна изјава.

Јасно е зошто Иванов целосно се стави во одбрана на изборниот криминал на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Лично тој беше избран на функцијата на криминални, нефер и недемократски избори.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ништо не може да ги спаси од одговорност за изборниот криминал.

Секој којшто го прекршил законот ќе одговара!

Скопје, 18.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести