fbpx

Мирчевски во Свети Николе: Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ Пеце Мирчевски оствари средби со жителите на населените места Ерџелија и Свети Николе.

На средбите се разговараше за локалните проблеми, актуелната политичка состојба и мерките од програмата на СДСМ.

Мирчески се осврна на денешните случувања околу избирачкиот список и одлуките на Уставниот суд.

-Бројките кои денес ги слушна јавноста, дека половина милион имиња и презимиња треба да се проверат, само ги потврди нашите тврдења за изборните криминали што ги правеле Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Срамната одлука на Уставниот суд е признание на изборниот грабеж и длабока поврзаност со криминалот и корупцијата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, ништо нема да го спаси Груевски од одговорноста за криминалот – рече Мирчевски.

Граѓаните се револтирани што години наназад некој им го крадел правото на слободен избор.

Се пожалија и на мизерните услови за живот и огромната невработеност кај младите.

-Нашата програма има мерки за отворање на нови работни места за младите со достоинствени плати. Субвенциите во земјоделството ќе бидат зголемени на 160 милиони евра, ќе бидат навремени и за вистинските земјоделци, рече Мирчевски.

СДСМ е за европска Македонија. СДСМ е за достоинствен живот на секој граѓанин. Промените ги започнавме заедно и заедно ќе ги водиме до крај. Заедно со вас, граѓаните на Република Македонија ќе изградиме подобро општество за сите, констатираше Мирчевски.

 

 

 

Последни вести