fbpx

Николовски во Прилеп: Груевски нема да се спаси од одгoворноста за криминалното владеење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски денеска беше помеѓу жителите на Канатларци, Тополчани и Мало Коњари, општина Прилеп.

Граѓаните зборуваа за проблемите со коишто секојдневно се соочуваат како резултат на погрешните и недомаќински политики на Никола Груевски и фамилијата.

Тие си ги полнат џебовите, а ние едвај преживуваме. Власта на ВМРО-ДПМНЕ субвенциите ги дава на нивните локални шерифи, додека некои од нас по две до три години наназад немаме добиено субвенции, иако законски ни следуваат. Тутунарите пропаѓаат, а државата не покажува никаков интерес да помогне. До кога вака, до кога ќе си поигруваат со нашиот труд и макотрпно работење, се пожалија жителите.

Субвенциите ги претворија во еден организиран систем преку кој ги манипулираат вистинските земјоделци. Сите оние кои ги злоупотребиле субвенциите, државните земјишта и ја оштетиле државата ќе одговараат. Ние ќе делуваме по закон до крај. Груевски нема да се спаси од одговорноста за криминалното владеење. Срамните одлуки на партиските послушници во уставен суд нема да му помогнат. Белешките чувајте ги сите, ние ветуваме дека парите ќе ги вратиме назад до граѓаните, се она што законски ви следува, по промената на власта ќе ви биде исплатено, рече Николовски.

Граѓаните се интересираа за мерките од Програмата на СДСМ за задржување на младите во Македонија, како и за мерките во земјоделството.

Предвидуваме активни мерки за вработување на младите секоја година 33 милиони евра. Тоа значи отварање на 16 илјади работни места за младите. Секој млади човек до 29 години ќе добие 10 илјади евра за секоја добра бизнис идеја, рече Николовски.

Во делот на земјоделските субвенции, Николовски рече дека СДСМ ќе ги зголеми субвенциите на 160 милиони евра, секоја година по 10 милиони евра инвестиции во системи за наводнување, сите субвенции земјоделците ќе ги добиваат навремено, тогаш кога им се најпотребни.

На средбите се разговараше и за актуелните случувања во државата.

Николовски рече дека на слободни фер и демократски избори доаѓаат промените. Македонија повторно ќе биде нормална и стабилна држава за подобар живот на сите граѓани.

 

 

 

Последни вести