fbpx

Николовски се сретна со оризопроизводители од Здружението „Бело злато“ од Кочани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари средба со земјоделци од здружението „Бело злато“ од Кочани кои вчера протестираа за ниската откупна цена на белиот ориз и оризовата арпа.Нивниот револт е поради непочитување на договорената цена од 25 денари за арпа и 50 денари за бел ориз.

Како што истакнаа оризопроиводителите тие бараат од Министерството за земјоделство да преземе мерки за надминување на катастрофалната состојба со откупот со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓаат. Без пари од последната реколта тие не можат да инвестираат во новата сезона која за две недели треба да започне со подготовка на сеидбата.

Николовски на ова нивно барање одговори дека државата, односно МЗШВ може да помогне преку интервентен откуп на оризот, согласно законот за земјоделство и рурален развој. На предлог на министерот, владата може да донесе одлука за ваква мерка со што најдиретно ќе се помогне на земјоделците.

Оризопроизводителите доставија и писмено барање до Министерот за земјоделство Михаил Цветков во кое бараат да бидат примени во спротивно најавуваат радикализирање на протестите се со цел да се најде решение за нивниот проблем. Се работи за 5000 земјоделски семејства од кои најголемиот дел, основна егзистенција обезбедуваат токму од производството на ориз.

 

 

Последни вести