fbpx

Автобусите на ВМРО-ДПМНЕ се полнат со вработени во администрацијата во Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со организирањето на контра-протести пред Уставниот суд во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го призна изборниот грабеж и призна дека стои зад иницијативата до Уставниот суд.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, 5 автобуси со симпатизери и членови од ВМРО-ДПМНЕ Штип се упатени пред Уставен суд во Скопје.

Злоупотребувајќи ги институциите, вработени во Клиничката болница, во локалната администрација, во ЈП Исар, во училиштата и други, принудени се да ги полнат автобусите на ВМРО-ДПМНЕ за во Скопје.

Во Клиничката болница на сметка на здравјето на пациентите, медицински лица се упатени во Скопје.

Граѓаните денес лутаат по шалтерите на Општина Штип, затоа што за дел од вработените денес им е неработен ден. Чии интереси застапува градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев?

За Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ заканите и притисоците се единствениот и последен механизам.

Ова е уште еден показател дека институциите на државата коишто се раководени од партиски луѓе на ВМРО-ДПМНЕ се ставени целосно во служба на партијата.

За овие злоупотреби мора да следуваат соодветни законски постапки. Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Масовниот одѕив на граѓаните на вчерашниот марш во одбрана на Уставот на Република Македонија коишто со слободно изразена волја присуствуваа, уште еднаш ја потврди вербата на граѓаните во борбата за слобода, демократија и европски вредности.

 

 

Последни вести