Соопштение за јавност
Граѓаните продолжуваат да ги пријавуваат бројните неправилности во Избирачкиот список на телефонската линија што ја отвори СДСМ, којашто останува отворена за граѓаните.
На телефонскиот број што го отвори СДСМ пријавени се следните неправилности во избирачкиот список: 2.996 фантомски гласачи на домашни адреси на граѓаните, 49 непостоечки станови, 32 непостоечки влезови, 585 граѓани коишто не живеат на таа адреса, односно иселени, 54 граѓани коишто се запишани повеќе пати во избирачкиот список, 33 гласачи коишто ги нема во Избирачки список, 15 гласачи запишани на адреси на деловни простории, и 132 починати лица.
На сите им е јасно дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ спроведувале криминални избори.
Овој хаос во избирачкиот список треба да се расчисти и секој што правел изборна измама или бил вмешан во изборен криминал да одговара.
Затоа, срамните одлуки на Уставниот суд не може и нема да го заштити Никола Груевски и неговите соработници од изборниот криминал.
Скопје, 15.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА