Нарко скандалот со 5 тони дрога води до ВМРО-ОКГ и Мицкоски, истрагата тоа треба да го потврди

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Без поддршка, знаење и логистика на највисоките структури во власта не може да поминат 5 тони дорга, со толку многу камиони преку македонската граница.

Не можеле камионите да стигнат до српската страна ниту до контрола на границата ако претоходно македонските институции, македонската царина ги нема проверено, пломбирано и пропуштено.

Дали станува збор за документација на македонската царина со која слободно била пренесена дрогата преку границата?

Одговорните во македонската царина е само едниот дел од алката.

Следна е македонската полиција и безбедносните служби. Над 65.000 камери, контроли, следења а дрога во огромна количина слободно некој ја превезувал.

Кој обезбедил заштита од МВР?

Одговорот на прашањето како 5 тони дрога помина преку македонската граница ја лоцира и одговорноста во врвот на власта.

Најголемиот нарко скандал со 5 тони дрога кои поминале преку македонската граница води до ВМРО-ОКГ и Мицкоски и истрагата тоа треба да го потврди.