Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Тема на денот“, на телевизија Сител, нагласи дека граѓаните од власта не можат да очекуваат ништо, ниту подобрување на животниот стандард, ниту економска стабилност, ниту пак стопанството може да очекува поддршка.

Филипче предупреди дека економските политики на Владата предводена од Христијан Мицкоски ја туркаат државата кон сериозна економска неизвесност.

„Не може да се очекува ништо. Може само да се очекува да тоне стандардот на граѓаните, не го изгласаа Законот за минимална плата. Може да се очекува банкрот на државата, затоа што веќе 2 милијарди е дупката во Буџетот. Може да се очекува компаниите само да пропаѓаат, заради тоа што ниту имаат поврат на ДДВ, ниту имаат поддршка од страна на владата“, рече Филипче.

Тој додаде дека владата не работи во интерес на граѓаните, нема слух за покачување на платите ниту на социјалната помош, се крати од земјоделците, од сите граѓани, само повеќе да има за личните интереси на власта.

„Може да се очекува да нема никакво зголемување на платите ниту во образованието, ниту во здравството. Може да се очекува да нема зголемување на социјалната помош. Може да се очекува да нема никаква поддршка, напротив намалување на парите во земјоделството, како што има сега, за 20 до 30 пати им се намалени. Од оваа влада не може граѓаните, ниту државата, да очекува ништо. Единствено нешто што може да очекуваат се нивни лични финансиски интереси“, нагласи Филипче.