fbpx

Никола Груевски ја донесе Македонија во катастрофална состојба

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Да му помогнеме на поранешниот премиер Никола Груевски во набројувањето на историски резултати.

Владата на поранешниот премиер Груевски го достигна историски највисокиот износ на јавен долг на Република Македонија.

Владата на поранешниот премиер Груевски по сите роуд шоуа е на последното место по износ на странски директни инвестиции на Балканот.

Владата на поранешниот премиер Груевски во 2015 година собра помалку средства по основ на ДДВ во однос на 2014 година, што е главен показател за лошата економската состојба во една држава.

Владата на поранешниот премиер Груевски ја донесе Македонија на 5.место по бедотија во Европа а на 13.место по бедотија во светот.

Поранешниот премиер Никола Груевски допринесе 626.312 илјади граѓани да се иселат од Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Во ваква кастрофална состојба Никола Груевски ја донесе Македонија.

Ако смее, поранешниот премиер Грувски нека се тргне барем за миг од своето обезбедување, платено со пари на граѓаните и нека ги симне очилата од 60.000 долари.

На Груевски треба да му биде јасно дека заврши времето на „гимнастики“ со официјалните податоци на Државиот завод за статистика.

Катастрофалната состојба во којашто ја донесе Македонија станува минато исто како Никола Груевски.

Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори.

Скопје, 09.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести