Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ и пратеник д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во прашањето до премиерот Мицкоски, нагласи дека власта упорно молчи и нема одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница.
„Што да се праша за дрогата што помина преку граница? Нема одговор. Знам ќе кажете Струмица, ваму-таму. Пет тони дрога се препакувале, патувале низ истокот на земјата како јастуци, како и органи поминале граница. Не ги видела полиција, не ги видела царина. Таму ги примаат луѓе блиски до СНС, вашата сестринска партија“, рече Филипче.
Во прашањето, Филипче додаде дека нема никаков одговор ниту за поврзаноста и фотографиите на премиерот Мицкоски со лицето Симо, криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.
„Се мислев да прашам нешто за Симо со којшто имате цел албум со слики, човекот што пука со Калашников и притоа го цитира Шешељ“, рече Филипче.
