fbpx

Заев: За сите е јасно, има фантомски гласачи и мора чист Избирачки список

Facebook
Twitter
LinkedIn

Средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Р. Полска во Р.Македонија, Јацек Мултановски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево се сретна со амбасадорот на Р. Полска во Р.Македонија, Јацек Мултановски.

Се разговараше главно за актуелната политичка ситуација во Македонија и условите што треба да се исполнат за фер и регуларни избори.

Заедничка е оценката дека се неоходни фер избори, за Македонија да се врати на демократскиот европски пат од којшто застрани и дека мора да се исполнат договорените предуслови.

-Веќе за сите е јасно колку фантомски гласачи има во Избирачкиот список. Граѓаните деновиве и практично се уверија во тоа откако е јавно објавен од ДИК актуелниот Избирачки список. Секојдневно реагираат за разни воочени неправилности и злоупотреби. Ова само потврдува дека клучно за фер и регуларен изборен процес потребен е чист и доверлив Избирачки список, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев посочи дека важно за фер предизборен и изборен процес е и регулација на медиумите коишто во најголем дел се под целосна контрола на власта.

На средбата стана збор и за механизмите што ги употребува власта на ВМРО-ДПМНЕ во обид да го дефокусира вниманието од отворените истраги против нивни високи функционери.

–Се обидуваат со разни притисоци и измислици, се обидуваат да поттикнат меѓуетнички тензии. Тоа на актуелната власт повеќе не и поминува кај граѓаните, рече претседателот Заев.

На состанокот се разговараше и за предизвиците и начините на справување со бегалската криза со којашто се соочуваат Македонија, регионот и Европската унија.

 

Последни вести