Соопштение за јавност
Премиерот Мицкоски во гостувањето нa Сител телевизија уште еднаш покажа дека кога нема аргументи, прибегнува кон навреди и етикетирање.
Граѓаните кои мислат поинаку од него, оние што го критикуваат неговото владеење, ги нарекува „прокси ботови“, откако претходно ги нарекуваше „талог на општеството“.
Ова не е начин на кој се води држава. Ова е стил на некој што се плаши од вистината и од одговорноста.
Граѓаните знаат, гледаат, не се слепи ниту глуви.
Фазоните од типот „Дубаи, Харис Џиновиќ“ повеќе не поминуваат.


