Соопштение за јавност
Со денешната реакција ВМРО-ОКГ уште еднаш потврди дека партијата е ставена во функција на одбрана на бизнис интересите на Христијан Мицкоски.
Професионалец ставил Мицкоски за потребите на својата бизнис мрежата, признава ВМРО, да точно, тоа го говориме и ние.
Обвинители, судии, МВР, АНБ, нема потпретседатели во партијата… сега и банка.
Во бизнис светот на Мицкоски – нема место за други.
Ефимија Димовска за прв човек на Развојната банка е директна инсталација. Таа е сопруга на Димитар Димовски – долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите.
Мицкоски го постави до себе во Владата како секретар за јавни политики. Сега неговата сопруга ја поставува во Развојната банка – институција што одлучува за кредитни линии, финансирање и енергетски проекти.
Развојната банка се окупира за потребите на приватна бизнис-мрежа на Мицкоски. Секогаш кога се бизнисите на Мицкоски во прашање мора да биде професионално.
Сè е приватен бизнис за Мицкоски.
Часовници од 60 илјади евра, луксузирање со авиони, тендери, мрежи и пари.
Ова не е развој на државата. Ова е развој на бизнисите на Хидро Мицкоски и неговите партнери.


