Соопштение за јавност
Имаме работа со еден би рекол терминално неспособен премиер, терминално неспособна влада кои што немаат ниту капацитет, ниту знаење, ниту визија каде ја водат државата, се интересираат само за сопствениот интерес, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.
„Имаме власт и премиер кој што ја бутка земјата во изолација, притоа знаејќи дека е во стратешки интерес и на Соединетите Американски Држави, интеграцијата во Европа и на нашава земја и на целиот регион“, рече Филипче.
Притоа, Филипче посочи дека наместо европска интеграција и стратешко партнерство, државата се соочува со опасна корупција, влијание врз судии и медиуми, и руско влијание.
„Внимавајте, вториот човек на Владата не ги крие контактите со „Ноќните волци“, луѓе блиски до рускиот претседател Путин. Што да се каже за влијанието во правосудството, целосно е тотално партизација – премиерот именува, назначува, елиминира обвинители на телевизија. Владиниот портпарол соопштува судски одлуки на телевизија кои што не се претходно никаде објавени. Очигледно е влијанието и партизирањето на судството“, рече Филипче.
Тој додаде дека додека власта врши влијание врз судии и медиуми, ја гуши слободата на говор, паралелно шири системска корупција преку тендери доделени на фирми блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Што да се каже за корупцијата, стотици тендери само за фирми блиски до врвот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.
На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ има карактеристики на авторитарни режими, како режимите во Иран и Венецуела и дека САД, како наш стратешки партнер, треба да бидат свесни за тоа.
„Меѓутоа, добро е да се каже дека Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер, треба да знаат дека овде во нашава земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат“, рече Филипче.

