Соопштение за јавност
Наместо да се занимава со економијата, со подобар стандард на граѓаните, Христијан Мицкоски се занимава со тендери, црни кампања и пропаганда.
161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди Груп“, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.
Мицкоски е способен само за тендери за свој приватен бизнис и да биде уредник на таблоид.
Тоа е единственото за што е способен.
Странските инвестиции се намалија за 729 милиони евра, работниците едвај врзвуваат крај со крај, нема покачување на платите, економијата тоне од ден во ден.
Да води држава – не е способен.
Наместо да работи како уредник на таблоид, да смислува лажни афери и да прави црни кампањи, нека се обиде да најде луѓе што можат да му помогнат во водењето на државата – или ни тоа не му одговара, како што не му одговараат ни потпретседатели во партијата?!
Очигледно, тоа е капацитетот на ВМРО-ОКГ и на Христијан Мицкоски.



