Прес конференција, Кристијан Дојчиновски – СДММ
Почитувана јавност, почитувани медиуми,
Граѓаните после „талог на општеството“, сега за Мицкоски се и „прокси ботови“. Секогаш кога нема аргументи, Мицкоски прибегнува кон навреди и етикетирања.
Сите граѓани кои мислат поинаку од него, оние што го критикуваат неговото владеење, ги нарекува „прокси ботови“, откако претходно ги нарекуваше „талог на општеството“.
Ова не е начин на кој се води демократска држава. Ова е стил само на некој што се плаши од вистината и од одговорноста.
Граѓаните не се ниту талог, ниту ботови !
Денес ви откриваме кои се вистинските ботови !
ВМРО-ОКГ има цела мрежа на социјалните медиуми, доминантно на Фејсбук, најчесто со лажни профили, но и лични профили, со кои напаѓаат неистомисленици, навредуваат и шират омраза меѓу народот.
Секој пост којшто не и се допаѓа на власта или го критикува Мицкоски, се напаѓа со коментари полни со омраза, псовки и навреди.
Идејата на ВМРО е да го подели народот во Македонија.
Затоа во своите настапи го напаѓа СДСМ, членовите, симпатизерите, претседателот на партијата. Но и сите слободоумни граѓани коишто ја критикуваат власта им се таргет.
Поради свои интереси, тендери и интереси на други држави, ВМРО-ОКГ на Мицкоски работи на поделба на македонскиот народ.
Но и на поделби по етничка линија, за што од истите овие ботови таргет се често и граѓаните Албанци.
Дури се користат и ресурси на нивната сестринска партија СНС.
Граѓаните знаат, гледаат, слушаат како ги навредува Мицкоски, не се слепи, ниту глуви.
Разоткриени сте !



















