ВМРО и Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името, зошто чекаат?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема одговор од ВМРО-ОКГ за криминалните тендери вредни 100 милиони евра, нема одговори зошто не се покачува минималната плата, нема одговори за дилот со Груби, за 5 тони дрога преку граница, за врските со Адамовиќ и криминалецот Симе.

Има нов дефокус со името. Секогаш кога немаат одговори кујните на ВМРО-ОКГ прават дефокус со нови црни кампањи.

Наместо лажни кампањи, нека излезат пред граѓаните и нека одговорат зошто досега не го вратија името?

Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ со години ја манипулираа јавноста со ветувања дека ќе го вратат името, ќе го поништат Преспанскиот договор а нас не обвинуваа дека сме предавници.

Лично Мицкоски изјавуваше: „Се додека сум јас во ВМРО-ДПМНЕ Преспанскиот договор не е завршена работа“.

Еве две години Мицкоски е апсолутна власт во државата. Има мнозинство во Собранието од 58 пратеници, со ЗНАМ, ВЛЕН, и анти НАТО-Левица има две третини.

Зошто тогаш досега не го вратија името како што ветуваа пред граѓаните?