Соопштение за јавност
Компанијата „Бехтел и Енка“ отпуштила педесетина работници ангажирани на изградбата на Коридорот 8 иако договорите за работа не им се истечени.
Како што пренесуваат медиумите македонските работници навеле дека на работа се задржани претежно странски државјани.
Најави за отпуштања на македонски работници има и во други странски компании.
Се реализира подготвениот план за “економските работници“.
Владата на Мицкоски ги отвори вратите за така наречените „економски работници“ со одлука за нови 10.000 странски работници во 2026 година иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени.
Најпрво владата склучи „стратешки договор“.
Потоа власта го смени Законот за странци, ги олесни условите за доаѓање, престој и работа во Македонија.
Се скратија процедурите, се продолжи времетраењето на дозволите. Со овие законски измени се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, секако ако има „стратешки партнер“.
Владата одби да ја покачи минималната плата на 600 евра и ги држи македонските работници со најниски плати во регионот и во Европа.
Со носењето „економски работници“ ќе се намали цената на трудот и платите за работниците нема да пораснат.
Не тоа не се мигранти, тоа се „економски работници“.



